| четврток, 6 декември 2018 |

Една од близначките Олсен се омажи за 17 години постариот Саркози

Актерката и дизајнерка Мери-Кејт, една од познатите близначки Олсен, тајно се венча со нејзиниот свршениик, братот на поранешниот француски претседател Никола Саркози, Оливие, кој е постар од неа цели 17 години, пренесува „Дејли меил“.

Мери-Кејт и Оливие неодамна во монденското одморалиште Хемптонс биле снимени со венчални прстени на рацете, со што ги поттикнаа гласините дека го рекле судбоносното „да“.

Двојката е во врска веќе две години. Ова е прв брак за Мери-Кејт, а втор за Оливие, кој од првиот брак со Шарлота Бернар ги има синот Жулиен и ќерката Марго.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top