| четврток, 6 декември 2018 |

Се одмотува клопчето во случајот со шпанската „Аквалија“

zapisnik str.1

Продолжува да се одмотува клопчето во случајот со давањето на МЈП „Проаква“ и ЈП „Нискоградба“’ од Охрид под концесија на шпанската фирма „Аквалија“. Според Општина Охрид од обемната документација која е во илјадници страни печатен материјал, меѓу другото може да се види дека хонорарите, или како што стои во документите наградите, за работата на комисијата која ја спровела целата постапка покрај општините Охрид и Струга, треба да ги исплати и шпанската фирма „Аквалија“ која е единствен понудувач, што значи дека комисијата покрај за двете општини, дефакто била ангажирана и од шпанската фирма која победува на тендерот, кој го сработила комисијата која била на нејзин платен список.

Од друга страна опозицискиот СДСМ чија власт ја спроведе оваа постапка упорно преку медиумите се обидува да ја лаже јавноста и овој договор да го прикаже како корисен за граѓаните, без притоа да наведат ни еден аргумент во што е користа. Вчера со свој став се произнесе и Владо Чинго, долгогодишен член на СДСМ кој во моментов е во раскол со партијата, но бил Претседател на комисијата во време кога се водела постапката . Тој во авторски текст за еден локален охридски портал изнесе невистинити податоци дека „Аквалија’’ требало да инвестира во водоводот 18 милиони евра – велат од Општината.

zapisnik str.2

Според документите „Аквалија“ дала понуда во износ од 572 милиони денари, а на тој износ и е даден попуст од 17,5 % и е намален на 472 милиони денари или околу 7 милиони евра кои „Аквалија“ требало да ги инвестира во водоводите на двата града Охрид и Струга, и тоа за период од цели 35 години.

Ваквиот износ наведува да се помисли дека водоводите во Охрид и Струга и се поклонати на „Аквалија“ , бидејќи за период од 35 години тие сами би инвестирале само во одржување на водоводната мрежа поголем износ од 7 милиони евра.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top