| четврток, 6 декември 2018 |

Иран тестира нуклеарна технологија

Израел тврди дека Иран ја користел воената база Парчин за тајно тестирање на нуклеарна технологија, која би можела да биде употребена само за производство на нуклеарно оружје.

Во соопштението на израелскиот министер одговорен за разузнавачките служби Јувал Стајниц се наведува дека ураниум се користел при тестирањата во Парчин.

Тој нагласи дека Израел своето тврдење за тестирањето го засновал врз „многу доверливи информации“, не соопштувајќи повеќе детали.

Не е наведен точниот датум на тестирањето, туку само се споменува дека тоа се случило при изградба на местото за тестирање на нуклеарно оружје во Парчин во периодот 2000-2001 година.

Израел ги критикува преговорите на шесте големи сили со Иран за иранската нуклеарната програма, оценувајќи дека Техеран само се обидува да добие на време и ќе избегне да ги исполни условите на секој конечен договор. Ваквите обвинувања Иран категорично ги отфрла.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top