| четврток, 6 декември 2018 |

Интер посакува играч на Јувентус

Управата на миланскиот клуб Интер за следното лето подготвува трансфер-бомба. Директорот на клубот Пјеро Аусилио најави дека целта на клубот е да го доведе играчот на Јувентус, Стефан Лихштајнер.
Лихташјнер е еден од најдобрите десни бекови во Европа, со Јувентус освои три титули во Италија, но сѐ уште не го продолжил договорот со „старата дама“.
Тој бара нов тригодишен договор со годишна плата од три милиони евра, но Јувентус нуди пократок договор за еден милион помала плата.
Од Јувентус се категорични дека играчот кој треба да наполни 31 година во јануари треба да добие пократок договор поради годините.
Интер има намера да му понуди на Лихштајнер договор еднаков како тој на Немања Видиќ, кој е со важност од три години и годишна плата од 2,8 милиони евра.
Со тоа „нероаѕурите“ би го решите проблемот на десната бековска позиција иако на тоа место веќе го имаат Жонатан.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top