
ДПА својата кампања за претстојните локални избори официјално ја почна со митинг на членовите и на симпатизерите во дворот на основното училиште „Братство Миѓени“ во Тетово.
Во своето обраќање претседателот на партијата, Мендух Тачи, кој потекнува од овој дел на градот, побара од присутните да го дадат својот глас на изборите за ДПА, со што вели дека партијата ќе ја победи ДУИ, а со тоа и политиката што ги загрозува правата на Албанците.
– Вие навистина нè поддржувате, но треба да знаете дека со вашата поддршка корист имаат и Албанците во Битола, Охрид, Преспа и на други места што се опфатени со нашата голема идеја. Кандидатот на ДУИ за Тетово не е жена, туку чиновник во Владата. Тие наместо да ги бараат виновниците што тепаат деца, велат дека ние сме ги организирале протестите. Велат дека нема вода во Тетово, но вода нема ниту во Липково, Сарај, Теарце, Желино, Брвеница, Струга и во сите места населени со Албанци каде што тие не прават ништо за тоа – рече Тачи.
Тој посочи дека се определиле да го поддржат Сади Беџети како кандидат за градоначалник затоа што тој во неговиот досегашен мандат никого не го избркал од работното место поради партиска припадност, ниту, пак, ги затворал објектите каде што ДУИ држи митинзи и состаноци.
– Вашиот глас што ќе го добиеме ќе се слушне и во Брисел, Вашингтон, Тирана и во Приштина – рече Тачи.
Актуелниот градоначалник Сади Беџети и кандидат на ДПА за нов мандат, потсети на проектите што се спроведени во изминатиот периoд.
– Со гордост може да кажеме дека сите проекти што ги планиравме ги реализиравме и тие се очигледни, а, од друга страна, Владата го заборави Тетово бидејќи без ниту еден денар помош од нивна страна успеавме да завршиме повеќе капитални проекти. Останува уште малку за да го завршиме водоводот, инвестиравме во инфраструктурата и во патиштата и го направивме Тетово образовен и културен центар. Го средуваме булеварот Илирија. Заеднички ќе продолжиме со проекти за Тетово, за нашите деца и нашата иднина – изјави Беџети.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ден на жалост на Косово поради смртта на Џорџ Буш постариот
-
Жената на Хашим Тачи го изневерува со претседателот на Собранието, ама и тој не и останал должен!
-
Скандал го тресе косовскиот политички врв: Сопругата на Хашим Тачи во љубов со собранискиот спикер Весели
-
Тачи ги повика граѓаните да се воздржат од каква било провокации


