Видеоспотот на новата песна на Виктор Апостоловски, „Другата во тебе“, беше промовиран денеска на неговиот официјален канал на „Јутјуб“. Музиката е на Зоран Алексиќ, а текстот е дело на познатата пејачка Рената Кралевска.
– Песната раскажува за девојката која ја посакувам, но која има своја немирна страна, девојката која не можам лесно да ја придобијат и за која треба да се борам со другата во неа. Треба да го скротам нејзиниот немирен дух. Ова е приказна за сите девојки кои сакаат да бидат освоени од посилниот пол, а со оглед на тоа што текстот е на извонредната Рената Кралевска, ја објаснува женската перспектива. Дефинитивно е приказна што ќе ги „допре“ сите девојки и очекувам да биде вистински хит во медиумите – изјави Виктор.
Видеоспотот е во режија на Илија Тодоровски, а продукцијата е на „Скај ај ентертенмент“ (Sky Eye Entertainment). Во видеото се искористени кадри снимени во Кавадарци.
– Снимањето на видеоспотот во хангар во Кавадарци беше навистина интересно искуство. Како главен лик се појавува моделката Дејана Попоска, која со мене и целиот тим посветено работевме на кореографијата со танчарите од „Беатрикс кру“ (Beatrix Crew), со цел видеоспотот да биде интересен и да ги исполни очекувањата на фановите – додаде Виктор.
Спотот за песната „Другата во тебе“ е поддржан од компанијата „Дурекс“, чијшто амбасадор за Македонија е младиот Виктор. За изгледот на Виктор се погрижи брендот „Collezione“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)