Седмото издание на манифестацијата „Штипска пастрмалијада 2014“ официјално почнува в четврток вечер со претставување на џиновската пастрмалија. Годинава на манифестацијата ќе се претстават над 40 угостители, кои ќе се обидат да го надминат ланскиот рекорд на продадени пастрмалии во Штип, а за привлекување гости од соседните градови, организаторот обезбеди богата културно-уметничка програма со три музички ѕвезди.
Вечерва во 23 часот штипјани ќе ги забавува Елена Ристеска, утре во истиот термин ќе настапи српската турбофолк-ѕвезда Аца Лукас, а в сабота, затворањето на „Пастрмалијада 2014“ ќе му припадне на српскиот кантавтор Жељко Јоксимовиќ. Првпат годинава Општина Штип и организаторот ЗГ „Пастрмалијада Штип“ обезбедија и кампинг зона долж коритото на река Брегалница, веднаш до локацијата „Дујле“ каде што се одржува манифестацијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


