| четврток, 6 декември 2018 |

Штербик: Екипи како Целје се најопасни

Арпад Штербик е големо засилување за македонскиот вицешампион Вардар во новиот циклус од Лигата на шампионите, а искусниот голман вели дека стартот и мечот со Целје Пивоварна Лашко може да биде клучен за пласманот во следната фаза.

– Ни требаат победи на гости, а клучен може да биде и стартот во Целје. Тие имаат млада екипа, да не кажам летаат на теренот. Тоа се најнезгодни противници, кога од нив не се очекува голем резултат, знаат да те сопнат. Сепак, Вардар има одличен состав и верувам дека ќе ја минеме фазата по групи. Секогаш сакам да одам чекор по чекор, а за понатаму, и за атак на високи дострели, треба да се поклопат многу коцки во мозаикот – вели Штербик во интервјуто за „Република“.

Натпреварот ќе се игра во Целје в сабота од 20.30 часот, а дека Пивоварна ќе биде незгоден противник потврди и последниот меч од словенечкото првенство, во кое на гости Целје ја победи Рибница со 38-22.

– Ако денот по утрото се познава, тогаш имаме шанса за добар резултат против ѕвездениот тим на Вардар – пишува на официјалниот клупски веб-сајт на словенечкиот претставник во ЛШ.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top