| четврток, 6 декември 2018 |

Војници на калифатот обезглавија француски турист

is-jihadists-behead-frenchman.siРадикални исламисти во Алжир поврзани со Исламската држава обезглавиле киднапиран француски турист. Видеото го објавиле на интернет во понеделникот, јавуваат француските медиуми.

55-годишниот Херв Гурдел бил киднапиран од организацијата Војници на калифатот во регионот на Кабилите, кои се заканиле дека ќе го убијат поради француската интервенција во Ирак. Во понеделникот објавиле видео во кое ја преземаат одговорноста за киднапирњето. На видеото бил и маж што се претставил како Херв Гурдел, турист од Ница. Алжирската војска повела истрага и поставила контролни точки на местото на киднапирањето, но без успех. Обезглавувањето на францускиот државјанин го потврдил претседателот Франсоа Оланд.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top