| четврток, 6 декември 2018 |

Американците го убија најопасниот терорист на светот?

Се верува дека во текот на гранатирањето на Сирија е убиен Мухсин ал-Фадли, лидерот на терористичката организација „Корасан“, за која САД тврдат дека е поголема закана и од Исламската држава.

„Веруваме дека е мртов“ – стои во соопштението на официјалните лица од САД не наведувајќи повеќе детали.

Мухсин ал-Фадли, имал само 19 години кога Ал-Каеда ги изврши нападите во Њу Јорк 2001. година.

„Корасан” во Сирија е блиска до Ал-Нусра, огранизација од која пред повеќе од година се издвои Исламската држава.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top