Ако некој нема капацитет да разбере дека пораз од над 200 илјади разлика на избори не може да го покрие со вакво деструктивно однесување тоа е веќе друго прашање.
интегрален текст од реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ
Ако мислат дека вака ќе помогнат на државата и дека со ваквото нивно однесување ќе придонесат да ја задржиме препораката и да добиеме позитивен извештај, тогаш повторно во ред.
Ако сметаат дека ова е патот кој ќе им донесе на нив спокој и среќа, тогаш во ред.
Ние не сакаме да се надмудруваме кој е за што виновен, да влеземе неодговорно во амбиентот кој тие го креираат, ниту пак можеме да спречиме СДСМ да влезе во едно вакво сценарио, кое го почна на изборниот ден кога изгубија со над 200 илјади разлика.
За сите разумни барања и дилеми на СДСМ подготвени сме да разговараме.
Би било невкусно ако ги советуваме спротивно од деструктивците во таа партија, и сите би го сфатиле тоа за лицемерно од наша страна. Нам ни е јасно во која насока оди работата уште при самиот старт и ние сме подготвени да се справуваме и понатаму со сите предизвици во државата исполнувајќи ги притоа нашите ветувања кон граѓаните за поквалитетен живот и нови работни места.
Времето ќе покаже кој бил во право, но за жал од ова нивно однесување освен самите тие, најмногу ќе изгуби Македонија.
Во нивните изјави постои јасен сигнал дека не ја гледаат реалноста, но ние додека ги чекаме да се разбудат од филмот и светот кој сами, заедно со луѓето кои ги советуваат и мотивираат си го креираат, притоа со меѓусебно јачање и јавно силење, демек опасна ситуација е и тие ќе уценуваат и ќе ја дерогираат државата, ние таков амбиент не прифаќаме, ние ќе продолжиме со проекти, дела и реформи, оставајќи кон нив подадена рака да разговараме за се што е разумно и логично.
А, ако Десковска вели дека немало разговори со нас, тогаш сето тоа ќе го оставиме повторно на нивните внатрешни релации, површност и отргнатост од реалноста кое го манифестираат постојано.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Протестен марш на ВМРО ДПМНЕ во 17 часот (во живо)
-
Отворено и транспарентно: ВМРО-ДПМНЕ со Јавен повик за кандидирање на членови на Комисии
-
Стоилковски: Заев и Спасовски да одговорат колку Иван Савидис е економски присутен во Македонија и дали има поврзаност со Владата
-
Што говореше за Уставот пред да се предомисли предавничката Александрова и да ги гласа измените? (видео)


