| четврток, 6 декември 2018 |

Нова просторија за дневен престој во „Златан Сремац“

Nova prostorija vo POU Zlatan Sremac (2)

Свечено во употреба денеска беше пуштена новата просторија за дневен престој во Посебното основно училиште „Д-р Златан Сремац“ во Скопје. Оваа просторија беше реконструирана и пренаменета со средствата собрани од четвртиот Меѓународен добротворен базар 2014, кој се одржа на 7 јуни годинава. Тој беше организиран од „Добредојде“ – Македонија Велкам Центар по повод 1 јуни – Меѓународниот ден за заштита на детето, а годинава првпат беше поддржан од Градот Скопје.

За реконструкцијата и пренамената на просторијата во „Д-р Златан Сремац“ со продажба на ракотворби и разни производи на базарот биле собрани 172.000 денари.

„Центарот за Даунов синдром“ имаше штанд на кој тие продаваа производи од лицата со Даунов синдром, изработени на претходните работилници.

На отворањето „Центарот за Даунов синдром“ потпиша Меморандум за соработка со училиштето, со кој се овозможува отворена соработка и меѓусебна поддршка во напорите лицата со Даунов синдром да бидат што подобро интегрирани во редовниот живот во Република Македонија.

Пуштањето во употреба новата просторија за дневен престој беше проследено со настап на децата од ПОУ „Д-р Златан Сремац“, а потоа на децата им беа поделени пакетчиња, подарок од Американската стопанска комора во Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top