| четврток, 6 декември 2018 |

Откриени 17 Aлбанци кои нелегално работеле во земјава

Седумнаесет албански државјани кои нелегално работеле во земјава се откриени во куќа во село Желино, тетовско, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Полицијата во вторник вечер извршила претрес во куќата на Ќ.Н.(77) во тетовското село Желино, при што биле пронајдени 17 албански државјани на возраст од 19 до 53 години, а еден од нив не поседувал лични документи.

Според информациите на МВР, сите оствариле легален влез во Македонија, но непријавено престојувале и работеле на подрачјето.

Полицијата работи на расветлување на сите поединости поврзани со нивниот престој во земјава, по што ќе се соочат со законски предвидените санкции и ќе бидат депортирани во нивната матична земја.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top