| четврток, 6 декември 2018 |

Почина бебето кое се роди по смртта на мајка му

Бебето што се роди по тешката сообраќајна несреќа во Њујорк, во која животот го загубија неговите родители, починало неколку часа подоцна, јавуваат американските медиуми.

Брачниот пар загина на лице место откако автомобил со голема брзина удрил во таксито со кое оделе во породилиште. Лекарите во болницата успеале живо да го донесат на свет нивното неродено бебе, но за жал, неколку часа подоцна тоа починало.

Њујоршката полиција трага по возачот на Бе Ем Ве –то и неговиот сопатник кои избегале од местото на несреќата.  Родителите на бебето, 21 годишните Накмен и Рејзи Глобер загиналена лице место.

Како што пренесуваат тамошните медиуми, судирот бил толку силен, што моторот на такси возилото завршило на задното седиште каде што седела Рејзи која била во седмиот месец од бременоста. Од ударот, таа излетала од автомобилот и завршила под паркирана приколка на камион. Нејзиниот сопруг пак, останал приклештен во возилото, а за да го извадат морале да го сечат покривот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top