| четврток, 6 декември 2018 |

Сведоштво: Џихадистите се валкани, со долги бради и силуваат девојчиња

ариа
Ариа има само 15 години. Се смее како и секое друго девојче. Но, таа сепак не е обично девојче. Со родителите живее во шатор во камп за избеглици во близина на градот Духок, во северозападен Ирак. Таму, илјадници нејзини сограѓани се кријат од војската на Исламската држава, бегајќи од Синџара преку планината при што илјадници од нив умреле од глад, жед и замор.
И Ариа со своето семејство, пред само шест недели, влегла во автомобил, но немале среќа. Војската на ИСИС ги стигнала по пат.
– Ги одвоија девојките и жените од мажите. Не натераа да влеземе во комбе. Потоа не возеа 120 километри до Мосул. Не затворија во три куќи и не заклучија со десетици други девојки кои веќе беа заклучени овде – раскажува Ариа за Си-ен-ен.

Прво,како што раскажува таа, сакале да го прифатат Исламот, па ги терале да го читаат Куранот, но многу од нив не знаеле да читаат. По повеќе од три недели притворени во ужасни услови пристигнал шеикот кој одбрал 20 девојки, вклучувајќи ја и 14 годишната другарка на Ариа.
– Ја силуваше. Многу од моите пријателки беа силувани. Но, тешко ми е да зборувам за тоа – вели Ариа. Сексуалното насилство е табу тема во нивната култура и жените жртви на сексуално насилство молчат бидејќи силувањето е срам за нивното семејство.
– Постојано ги гледам нивните лица, имам кошмари. Не можам да престанам да размислувам на тоа како ги силуваа. Видов и доживеав премногу – изјавила  на новинарите длабоко истрауматизираната девојка.
Ариа и нејзината другарка ги одвеле во Фалуџи каде што требале да се венчаат за двајца исламисти, Абу Хасан и Абу Џафар.

– Тие беа навистина валкани, со долги бради. Високи и огромни, дури и маж би се исплашил. Ни дадоа мобилни телефони да им се јавиме на домашните и да кажеме дека ние сме го прифатиле Исламот – раскажала Ариа.

Потајно тие побарале еден семеен пријател кој живее во Флауџи и кој им помогнал да побегнат скриени под никаб.
Но иако денес се во кампот, со своите семејства и покрај тоа што подоцна открила дека брат и го убиле, Ариа и понатаму страда. Во кампот сите знаат што и се случило, ја следат со шепот и со поглед каде и да оди. Истовремено ја прогонува и вината бидејќи другите девојки, откако таа избегала, се казнети со уште полошо физичко насилство.

– Ќе морам да живеам со тоа, некако… – заклучува Ариа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top