| четврток, 6 декември 2018 |

Руни верува во чуда: Не го отпишувајте Јунајтед

Репрезентативецот на Англија и напаѓач на Манчестер Јунајтед, Вејн Руни, верува дека клубот од „Олд Трафорд“ може да се врати во шампионската трка и покрај тоа што лошо стартуваа во Премиерлигата.

Јунајтед по пет одиграни кола се наоѓа на 12. место во Премиерлигата, избраниците на Луј Ван Гал од пет натпревара успеаја да запишат 5 бода.

– Многу луѓе не отпишаа поради резултатот од неделата, но јас не мислам така. Кога ќе погледнам во соблекувалната и ќе видам каков квалитет имаме и неверојатен тренер, не се ни сомневам дека сезоната ќе биде успешна – напиша Руни на неговиот профил на „Фејсбук“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top