| четврток, 6 декември 2018 |

Голи Оток ќе прерасне во туристичко место за хомосексуалци?

Членовите на еколошко социјалниот форум од Хрватска сакаат Голи Оток да прерасне во туристичко место на кое би се дружеле хомосексуалците од целиот свет, пишуваат хрватските медиуми.

goli otok_620x0

Од друга страна пак, луѓето кои некогаш биле дел од овој логор не ни можат да замислат дека на местото во кое во времето на Југославија дури 16.000 луѓе биле заробени во најозлогласени услови и крвнички измачувани до смрт, наскоро би можело да се појават геј клубови.

Незамисливо им е дека на овој дел од приморјето ќе завладеат припадници на ЛГБТ популацијата и дека островот ќе стане место за “забави и задоволства”, пишува српски Курир.

gej-parada-na-taksim-9

– Тоа е друга држава и се плашам дека не можеме ништо тука да сториме. Одлуката за тоа што би требало да се направи со некогашниот логор би морала да ги засега и Србите, со оглед на тоа дека тие го сочинувале и најголемиот број од прогонетите, дури 7.500 луѓе. Сега, намесо Центар за сеќавање на гладните, изгубените, преморените, нечистите и на крајот, превоспитаните луѓе без трунка достоинство, би можело да се направи глупаво, непримерно и неморално место за хомосексуалци – истакнал Мирослав Маниќ, секретар на здружението Голи Оток.

Сепак, историчарите истакнуваат дека далеку подобра идеја би било да се претвори ова место во музеј за државна репресија во социјализмот. Околу 300 преживеани од овој логор во Србија, сметаат дека претворањето на овој остров во место за дружење на хомосексуалци е само начин за да се прикрие сето она што овој озлогласен затвор некогаш претставувал.

– Пет години бев во овој логор. Премногу ми е тешко да се присетувам на целата голгота која ја преживеав. Ова што сакаат да го направат е крајно безобразно – вели еден од преживеаните, 86-годишниот Федор Тифат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top