
На 23 септември во книжарницата „Модријан“ во Љубљана, Словенија, се одржа промоција на романот Резервен живот од Лидија Димковска во превод на словенечки на Алеш Мустар. Промоцијата течеше како разговор со авторката што го водеше познатиот словенечки поет и теоретичар Алеш Дебељак.
Романот „Резервен живот“ излезе во едицијата „Читач“ во која се објавуваат современи романи од светската книжевност. На средбата учествуваше и словенечката писателка Маја Новак која го претстави романот „Божји деца“ од хрватската писателка Татјана Громача, исто така во издание на реномираната издавачка куќа „Модријан“. Разговорот отвори многу теми и прашања за книжевностите во поранешните југослвенски простори, за нивната рецепција и достапност до читателите и за мноштвото автори кои ги напуштија сопствените земји за да живеат и творат во други, како што е случајот и со Лидија Димковска која подолго време живее во Словенија.
Романот „Резервен живот“ во 2013 год. ја доби наградата на Европската Унија за книжевност.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Промоција на романот „Манастир Фуентерабија“ од Јагода Михајловска-Георгиева во Библиотеката „Браќа Миладиновци“
-
„Бележникот на татко ми“ од најтиражниот писател од Холандија – Кадер Абдолах
-
Смртна казна за познат писател на крими-романи: Злосторството го прераскажал во роман
-
„Антолог“ ја објави книгата „Лисица“ од Дубравка Угрешиќ


