| четврток, 6 декември 2018 |

По цела деценија дочекавме државно првенство во тенис со награден фонд

По цела деценија тениски турнири што се играа за титулата државен првак во двете конкуренции, македонската тениска федерација конечно ќе организира шампионат со награден фонд.

Во последните десетина години, шампионите во машка и женска конкуренција добиваа само пехари, а конечно од оваа година ќе бидат наградени и со пари. Турнирот ќе се игра од 29 септември до 2 октомври на четири земјени терени на ТК Југ во Скопје, а новите државни прваци ќе добијат околу 200 евра. Поточно, шампионот во машка конкуренција ќе заработи 15 илјади денари, а најдобрата тенисерка ќе добие 14 илјади. И за тоа има забелешки, бидејќи во светот на врвниот тенис, на турнирите каде играат и мажите и жените, двајцата победници добиваат иста награда, односно нема разлика во паричниот фонд.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top