| четврток, 6 декември 2018 |

Сиромаштијата произведува верски радикализам во Косово

Заменик обвинителот во Канцеларијата на Специјалното обвинителство на Косово, Џонатан Рател, смета дека во Косово постои „нијанса на верски радикализам“.

Kosovo police made arrests aimed at deterring recruitment of volunteer fighters

Според него, како што јави дописникот на МИА, состојбата е таква бидејќи во земјата има високо ниво на невработеност и сиромаштија.

 – Моментнално, обвинителството спроведува две истраги кои опфаќаат голем број луѓе. Истрагите се спроведени и очекуваме во блиска иднина и покренување обвиненија. Станува збор за многу тешки обвиненија  кои се поврзуваат со учество и регрутирање за терористички активности. Не може да зборувам за истрагите кои продолжуваат, но може да кажам дека со косовската полиција имаме многу добра соработка, како и со другите агенции кои помагаат во прибирањето сведочења и обезбедувањето други форми на помош – изјавил Рател за германскиот весник „Франкфуртер Алгемајне Цајтунг“.

Тој додаава дека феноменот на радикализам не постои само во Косово, туку и во други земји каде млади се приклучуваат кон радиални групи, како Исламската држава и Ал Нусра.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top