| четврток, 6 декември 2018 |

Силниот ветер во Гевгелија корнел кровови и дрвја

Ветер со јачина од 80 километри на час денеска попладне во Гевгелија предизвика уривање на кровови и кршење на дрвја и гранки.

Силните налети на ветрот попладнево предизвикаа сериозни оштетувања на дел од новопоставениот покрив на гевгелиската гимназија, како и на покривите на уште неколку објекти и индивидуални куќи.

На многу места во градот од искршените дрвја и гранки беше попречено и нормалното одвивање на сообраќајот кое полека се нормализира откако комуналните работници почнаа да ги отстрануваат од коловозите.

Според информацијата од Хидрометеоролошката станица во Гевгелија, ветерот, кој непрекинато дуваше во текот на целиот ден, околу 14 часот ја достигна најголемата брзина од 22 метри во секунда односно 80 километри на час.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top