| четврток, 6 декември 2018 |

Како пропадна тајното оружје на Тито од четири милијарди долари?!

Некогаш најдобро опремениот југословенски воен аеродром Жељава, сместен длабоко во планината Пљешевица, во близина на Бихаќ важел за еден од трите водечки аеродроми од таков тип во Европа.

tito aerod

Тито, во аеродромот Жељава инвестирал околу четири милијарди американски долари за да се обезбеди против евентуални напади од СССР. Официјално аеродромот бил отворен во 1968-ма година. 

Тоа беше најсилниот воен аеродром по инфраструктура во цела Југославија. Внатре беше сместена една авијациска бригада со 60 авиони и повеќе од 3.000 луѓе, од кои 500 офицери, околу 900 подофицери и околу 2.000 војници. Имаше капацитет за опслужување на три авиобригади во случај на потреба, а беше и идеален штит од ненадејни напади”, раскажува инженер за радарски систем и потполковник на авијацијата во воздухопловната служба, Иван Прша, за српски Блиц.

Овој аеродром бил најстрого чуван објект во поранешна Југославија, но тогашната војска на Југославија, на 17 мај 1992 година го минирала аеродромот со 56 тона експлозив и со тоа во целост го онеспособила. Денес неговата внатрешност е целосно уништена.

Во 2011 година, пак, беше најавена можност за оваа локација да стане модерен карго- аеродром, но сепак текот на реализацијата на проектот го диктираат вртоглавата сума за реконструкција како и ризикот од профитабилност. Аеродромот не е ни безбеден за да стане музеј.

tito

Инспектор и поранешен падобранец во ЈНА Изачич Хазим Алагиќ, вели дека главниот проблем се опасните отрови кои настанале од пожарот по детонацијата.

-Поради тоа, додека не биде извршена деконтаминација овој аеродром е неупотреблив за било какви активности, изјавил тој, додавајќи дека поранешниот аеродром е еден од најголемите загадувачи на подземните води во овој регион.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top