| четврток, 6 декември 2018 |

Почнаа подготовките за штипската пастрмалијада

Подготовките почнаа за еден од најголемите и најуникатни настани во Македонија. Штипската Пастрмалијада 2014 официјално стартуваше со подготовка и поставување на штандовите, сцената и на останатите неопходни работи.

Од 25 до 27 септември покрај градскиот стадион во Штип на раскрсницата позната како Дујле, штипјани очекуваат да примат преку 100 илјади гости кои ќе присуствуваат на овој настан.

Пастрмалијада 2014 ќе ја отвори Елена Ристеска во првата вечер од настанот, па во наредните два дена ќе продолжат  Аца Лукас и Жељко Јоксимовиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top