| четврток, 6 декември 2018 |

Се ожени Том Харди

Холивудската ѕвезда Том Харди се ожени со неговата долгогодишна девојка, актерката Шарлот Рајли.

Двојката се свршила уште 2010 година, а овој 4 јули се венчале на југот на Франција во кругот на пријателите и семејството.

Венчавката се случуваше далеку од очите на јавноста, а „Д сан“ дури вчера ги објави деталите.

На свадбата присуствувал и 6-годишниот син на Том, Луис кој актерот го доби од врската со поранешната двојка Рејчел Спид.

Ова е втор брак за Том. Прв пат се ожени со Сара Ворд, а 5-годишниот брак го завршија во 2004 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top