| четврток, 6 декември 2018 |

Викендов одземени 26 возачки, фатени 40 пијани возачи

Изминатиот викенд на подрачјето на СВР Битола и СВР Тетово во сообраќајни акциски контроли санкционирани биле вкупно 40 возачи кои биле под дејство на алкохол.

-Во Тетово вкупно алкотестирани биле 47 возачи. Осум од нив управувале под дејство на алкохол и веднаш се исклучени од сообраќај. Во акцијата, исто така, откриени се и 25 други видови прекршоци за истечена регистрација, неатестирани фолии, управување без дозвола и непочитување наредба на полициски службеник. На прекршителите изготвени им се 21 платен налог и четири покани за наплата на глоба. Во Гостивар вкупно алкотестирани беа 43 возачи, од кои шест биле под дејство на алкохол. При контролата, утврдени се уште 12 други видови прекршоци, соопштуваат од Министерството за внатрешни работи.

На подрачјето на СВР Битола во акциска контрола вкупно беа контролирани 203 возачи, при што се извршени 147 алкотестирања, кај 26 возачи е утврдено присуство на алкохол и се откриени 24 останати прекршоци од ЗБСП.

Одземени се 26 возачки дозволи, вкупно издадени се 41 платен налог, 33 возила се исклучени од сообраќај, издадени се четири покани за наплата на глоба, а седум возачи се предупредени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top