
Сообраќајната полиција викендов во Скопје и околината откри и санкционира 12 возачи кои ги управувале своите возила под дејство на алкохол. Тие се исклучени од сообраќај.
Санкционирани се и 23 возачи кои не ги почитувале ограничувањата на брзината на движење на возилата, од кои 10 се движеле со брзина поголема од 90 километри на час во населено место. Откриени и санкционирани се и 22 возачи кои не ги почитувале светлосните сообраќајни знаци на крстосниците.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


