| четврток, 6 декември 2018 |

Металург ги одреди цените за натпреварот со ПСЖ

Македонскиот ракометен шампион Металург во четврток ќе ги пушти во продажба билетите за првото коло од Лигата на шампионите за оваа сезона кој го игра против најскапиот тим во Европа францускиот гигант Пари Сен Жермен. Натпреварот се игра во недела со почеток од 19 часот, а европската ракометна федерација го одреди овој натпревар да биде меч на колото.
Во зависност од местото на седење цените ќе се движат од 200 до 500 денари. Од клубот информираат дека промената на ваучерите за сезонските билети ќе се врши во петок и сабота на пултот за информации кој ќе бие наместен во Сити Мол специјално за оваа намена од 12 до 20 часот.
Сите оние кои веќе набавиле ваучери за сезонски блок-билети а нема да стигнат да ги заменат во превидените денови, ќе имаат можност во недела во билетарницата на СЦ „Борис Трајковски“ со почетокот од 12 часот па се до почетокот на натпреварот.
Спектаклот започнува во 19 часот во недела на 28.9.2014 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top