Управата на ракометното семејство Вардар, повлече вистински потег и ќе донира по 10 денари од секој продаден билет за натпреварите на машкиот и женскиот клуб во Лигата на шампионите. Гест што му доликува на гигантот во „црвено-црни“ бои и што ќе помогне да се вратат насмевките на лицата на хендикепираните, на сите на кои им е неопходна помош.
Блок билетите за новата сезона во ЛШ од вчера се во продажба, а РК и ЖРК Вардар од овој циклус на натпревари во елитното европско натпреварување ќе играат во новата клупска сала во населбата Аеродром во Скопје.
Еве ги цените на билетите за пет натпревари во фазата по групи во ЛШ:
Блок билет за стоење: 500 денари
Поединечен билет за стоење: 120 денари
Блок билет за групна фаза од ЛШ: 1.500 денари
Поединечен билет за групна фаза од ЛШ: 350 денари
Блок билет за ВИП за групна фаза од ЛШ: 2250 денари
Поединечен билет за ВИП за групна фаза од ЛШ: 500 денари
Блок билет за ПРЕМИУМ ВИП за групна фаза од ЛШ: 4500 денари
Поединечен билет за ПРЕМИУМ ВИП за групна фаза од ЛШ: 1000 денари
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


