Дваесет и четиригодишно момче почина синоќа во Клиничкиот центар во Скопје откако доживеа сообраќајна несреќа.
Од полицијата информираат дека кавадарчанецот Орданчо Ј., возејќи мотоцикл „хонда“ околу 18 часот и 20 минути, удрил во пешакот Р.П. (16) кој го поминувал коловозот. По ударот Орданчо загубил контрола над мотоциклот и удрил во патничко возило „лада нива“ кое доаѓало од спротивната страна.
Пешакот и совозачот на мотоциклот се здобиле со полесни повреди, додека возачот на моторот заработил тешки повреди.
По укажаната лекарска помош во здравствениот дом во Кавадараци, повредените биле пренесени во Клиничкиот центар во Скопје, каде што Орданчо им подлегнал на повредите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Митко Јанчев: Јас слушам „Металика“, не беше мој избор да пее Цеца во Кавадарци
-
Зоран Заев во Кавадарци: Грозјето не е од татко ми или дедо ми, мора да се цени трудот на лозарите
-
Кавадарци ќе добие унифицирани такси возила
-
Македонија ќе победи: Мисајловски, Јанушев и Трајановски го придружуваа Мицкоски на чело на поворката во Кавадарци (фото)



