Општината Битола со 30 проценти, градежното претпријатие „Пелистер“ и фирмата „Цермат“ се новите сопственици на акциите во ракометниот гигант од Битола, РК Пелсистер.
Советот на општина Битола на вчерашната седница донесе одлука за основање акционерско друштво во ракометниот бренд од Битола.
РК Пелистер долг период кубуреше со финансии, клубот го подзагуби сјајот и имиџот што успешно го градеше со децении, но сега би требало да биде поинаку. Општината Битола ќе има 30% од акциите, а ГП Пелистер и ДОО Цермат ќе управуваат со пакети од по 35%.
Покрај тоа, на денешната своја седница Советот на општина Битола донесе одлука и за овластување на градоначалникот на Битола за продажба на доминантниот пакет акции во сопственост на Општината. Со тоа е сосема јасно дека веќе е утврдена одлуката за продажба на ФК Пелистер, кој наредниве денови треба да добие нови сопственици. Како нов сопственик на клубот се истакнува ЗИК „Пелагонија“.
Се најавува и засилување на играчкиот кадар, а според одредени шпекулации тренер на РК Пелистер би можел да биде Касим Каменица.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.