| четврток, 6 декември 2018 |

Горан Вишњиќ, нов Џејмс Бонд?

горан

Уште во 2005 година се зборуваше дека нов Џејмс Бонд би можел да биде хрватскиот актер Горан Вишњиќ, а последните денови оваа приказна повторно заживеа иако многумина се свесни дека шансите Бонд да го игра актер кој не доаѓа од Обединетото Кралство или Австралија се многу мали.
Дури ни самиот Вишњиќ не сака да ги коментира овие написи, туку само кусо рече дека „не е професионално да се коментира улога која сѐ уште не ја добил“, иако 42-годишниот актер тврди дека е горд со тоа што некои го гледаат во таа ролја.
Тоа што е сигурно е дека актуелниот Бонд, Даниел Крејг, го очекуваат уште две продолженија со кои е врзан со договор, а потоа на ред доаѓа наследникот.

Сепак, според е-обложувалниците, Горан Вишњиќ не е ни во првите пет кандидати за нов 007. Имено, во овој круг на потенцијални за ликот на Бонд се наоѓаат: Идрис Елба, Том Харди, Мајкл Фашбендер, Ричард Армитиџ, па дури и Џејмс Мекави и Бенедик Кумбербат, додека Вишњиќ е во групата актери што се помалку веројатни како агентот 007, како што се: Хју Џекман, Орландо Блум, Сем Рајли, Гај Перц, Ерик Бан и Џорџ Клуни.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top