| четврток, 6 декември 2018 |

Купете им фустани на „ѓаволите“, се шегуваат фудбалерите на Лестер (видео)

На фудбалерите на Лестер не им беше доволно тоа што направија целосен пресврт и од 1-3 дојдоа до победа од 5-3 против фаворитот Манчестер јунајтед, па на крајот од натпреварот дополнително го понижија ривалот така што им ја протнаа топката низ нозе на тројца одбранбени фудбалери за само десет секунди.

Жртви на „лисиците“ беа Дејл Блинд, Крис Смолинг и Андер Ерера, на големо задоволство на домашните, но главоболка за гостинските навивачи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top