Франција ќе ѝ биде домаќин на Швајцарија во Лил на новиот фудбалски стадион во финалето на тенискиот Дејвис-куп од 21 до 23 ноември. Пред 27 илјади гледачи Цонга и Монфис ќе играат против Федерер и Вавринка за вредниот пехар, а домаќините ја одбраа земјената подлога како свој адут против силната Швајцарија.
Фудбалскиот стадион „Пјер Морој“ во Лил има капацитет од 52 илјади седишта, но за фудбал, а за спортови во затворен простор капацитетот се намалува двојно. Ако целосно се исполнат трибините, тогаш тоа ќе биде рекорд во посета на меч од Дејвис- куп.
Франција ќе игра за јубилејната десетта титула во ценетиот тениски куп, со што би била трета најуспешна нација во историјата, зад САД и Австралија, а Федерер и соиграчите го посакуваат првиот пехар за себе и за Швајцарија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


