Дваесет лица се повредени при сообраќајната несреќа во која се преврти автобусот со број 67 на ЈСП Скопје во скопско Драчево.
Од болницата „8 Септември“ за „Прес24“ велат дека кај нив се донесени четири пациенти, кои се со полесни повреди.
Дури 16 пациенти со возила на Итната медицинска помош се префрлени во Ургентниот центар во Скопје, но сè уште нема информации каква е нивната состојба.
Автобусот се превртел утрово, но нема повеќе детали за несреќата. Станува збор за автобус од ЈСП од најстарите модели.
фото: Ѓорги Личовски
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Голема трагедија во Индија: Автобус падна во канал, најмалку 25 лица загинаа
-
Едната полесно, другата потешко: Две жени повредени во автобус откако возачот нагло закочил!
-
ЈСП ќе пушти дополнителни автобуси за Задушница
-
Се симнувало по скали од вториот кат и паднало: Девојче повредено во автобус на ЈСП