Претставата „Сон на летната ноќ“, во режија на Нела Витошевиќ, а во изведба на прилепскиот театар вечерва во 20 часот ќе гостува во Драмски театар во рамките на „Млад отворен театар“. Во „Сон на летната ноќ“ играат: Игор Ангелов, Даниела Ивановска, Игор Трпче, Марија С. Илијевска, Зоран Ивановски, Димитар Ѓоргиевски, Илија Волчевски…
Два и пол часа потоа во Универзална сала гостува вториот проект во годинашната програма на МОТ, кој доаѓа од друг континент. Станува збор за театарот „Линеа де сомбра“ од Мексико Сити, кој кај нас ќе ја изведе претставата „Амарило“, во режија на Хорхе А. Варгас.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.