Германскиот напаѓач од редовите на Фјорентина, Марио Гомез, ќе пропушти три недели бидејќи се повреди на мечот против Аталанта, кој се одигра овој викенд.
Гомез го одигра речиси целиот натпревар, но во финишот од мечот го повреди десниот бутен мускул.
– Гомез веќе почна со терапија, а новите анализи ќе бидат направени за десет дена. Се очекува да се врати на теренот за три недели – велат лидерите на „виолетовите“ во своето соопштение.
Гомез сѐ уште нема постигнато гол оваа сезона, а веќе имаше многу проблеми со повредите откако минатото лето дојде во Фиренца од Баерн.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


