| четврток, 6 декември 2018 |

Излетал автобус на ЈСП, неколку патници се повредени

prevrten-avtobus-1

Автобус на ЈСП утрово излетал од коловозот при што биле повредени неколку патници. Сообраќајната несреќа ја потврдија од Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ од каде што велат дека утрово во 6 часот и 10 минути автобус на ЈСП СКОПЈЕ марка САНОС, кој сообраќал на линијата број 67, од Транспортен центар до Зелениково, излетал од коловозот.

prevrten-avtobus-2

При сообраќајната незгода има неколкумина повредени патници, но според првичните податоци нема  повредени со посериозни телесни повреди.

prevrten-avtobus-15

Во моментов МВР врши увид на самото место. Подетални информации ќе бидат објавени подоцна.

фото: Ѓорги Личовски

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top