| четврток, 6 декември 2018 |

Магичен триаголник на Валенсија (видео)

Фудбалерите на Валенсија играат одлично на стартот од новата сезона во шпанската Прва Лига, а и вечерва покажаа дека имаат вистински мајстори на теренот во Мадрид против Хетафе.

По само 20-на минути игра Валенсија има предност од 2-0, а вториот погодок беше вистинско ремек-дело. Родриго прекрасно ја прими топката упатена кон него од дефанзивците на Валенсија, а потоа следеше феноменална акција во триаголник на гостите. Едноставно, ефектно, атрактивно, Родриго до Алкасер, овој до Гомес за лесна реализација. Гол за сите вкусови и за потврда на квалитетот на Валенсија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top