Седумдесет годишниот Борис Пановски, Македонец осомничен дека убил свој врсник во Торонто, е уапсен денеска кога се вратил во Канада од Турција. Против него е покренато обвинение за убиство од прв степен и за обид за убиство, јавуваат медиумите.
Убиениот Дон Фриго бил застрелан додека јавал коњ на 13 септември, а неговата придружничка била повредена во инцидентот. Канадската полиција од тогаш интензивно трагаше по главниот осомничен, Пановски, кој наводно убиството го извршил поради освоена награда во натпревар за кучиња.
Имено, Пановски, наводно, на Фриго му го продал расниот птичар Силвер, кој, пак потоа станал голем шампион, добивал и парични награди. Пановски, пак, кој бил професионален дресер на кучиња, се соочувал со банкрот, па дури и со развод од својата сопруга.
Полицијата следеше повеќе траги за Македонецот, кои наведуваа дека тој можеби избегал во Македонија, Хрватска или во Куба. Сепак во Канада се вратил од Турција и бил уапсен веднаш штом авионот слетал на аеродромот, а в понеделник ќе биде изведен пред суд.
Само седум часа по убиството, Пановски за своја профил на Фејсбук објавил слика од себе како се ракува со премиерката на Онтарио Кетлин Вајн, за време на нејзината посета на прослава на македонското културно друштво „Свети Климент“ во Торонто. Ракувањето се случило за Илинден, но од канцеларијата на премиерката објавија дека таа не знае кој е Борис и дека често се ракува со многу граѓани на стотици настани на кои присуствува.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ужасно е да се носи облека на човек кого го убивме пред 20 минути-oвој детал доведе до разоткривање на бруталното убиство на Кашоги
-
Објавени нови детали за убиството на Кашоги: Само некој кој зема хероин би го направил тоа
-
Убиство во семејство со македонско потекло во Швајцарија
-
Канада остана без марихуана


