Нов документарен филм за животот на еден од најголемите спортски легенди на нашето време, Мохамед Али, би требало во октомври да доживее премиера во САД, а до крајот на годината и во другиот дел од светот.
Филмот „Јас сум Али“ (I am Ali) ќе го прикажува животот и кариерата на Мохамед Али, но со акцент на изразито личниот пристап на темата. Во документарниот филм за Али зборуваат најблсиките луѓе од неговата околина, како и пријателите, а добар дел од филмот го сочинуваат исечоци од неговите снимки и телефонски разговори.
Во филмот има мини интервјуа со боксерките легенди Мајк Тајсон, Џорџ Форман и Џин Килроу, кои од свои агол говорат за Мохамед Али.
Сепак, акцент се дава за неговиот изненадувачки спортски успех, но и приказната што се крие зад митовите за еден од најголемите спортисти на денешнинава.
Продуцентите на филмот порачуваат дека ова е приказна каде ќе го „видиме Али на еден сосема поинаков начин“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


