
Две од петте африкански држави, Сенегал и Нигерија, погодени од епедимија на ебола, успеаја да го запрат ширењето на болеста, соопшти Светската здравствена организација (СЗО).
СЗО наведе дека досега од ебола починале 2.793 луѓе од 5.762 инфицирани.
Во меѓувреме властите на Сиера Леоне соопштија дека за време на тридневната забрана за шестмилионското население да не ја напушта земјата, регистрирани се 130 нови пациенти.
Од епидемијата на ебола погодени се Нигерија, Сенегал, Сиера Леоне, Гвинеја и Либерија. Во Демократска Република Конго е регистрирана зараза од друг тип вирус, од кој починале 71 човек
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


