Денеска ќе се води битка на гигантите, втор дел, меѓу Манчестер јунајтед и Реал Мадрид, во реваншниот натпревар од осминафиналето во Лигата на шампионите.
Жозе Мурињо против сер Алекс Фергусон, Кристијано Роналдо против Вејн Руни. Дел од нив ќе бидат директни пресметки како таа на двајцата големи стратези Мурињо и Фергусон, а кој ќе оди натаму ќе се знае по вечерашните 90 и нешто минути на „Олд ррафорд“ во Манчестер. Ако резултатот биде како на првиот дуел во Мадрид, 1-1, ќе има и продолженија, а и пеналите не се исклучени.
-Ќе играме офанзивно за гол повеќе. Нека биде и 5-4 за нас, важно е Манчестер јунајтед да биде четврт-финалист. Реал мора да нападне, но и ние нема да се браниме. Противникот има многу врвни фудбалери во составот, па губитничка филозофија е да се браните против нив – вели Фергусон.
Дуелот со Мурињо прераснува во митски, а двајцата големи стратези се познаваат одамна. Португалецот го предводеше Челси во англиската Премиер-лига и има искуство во битките со сер Фергусон.
– Најмалку 20 пати сме биле противници со Фергусон и Манчестер јунајтед. Имало и победи и порази, а специјална тактика нема да има ниту за овој меч. Очекувам домаќините да играат подефанзивно, но тоа не нè интересира. Ние мора да напаѓаме за да одиме натаму. Двата тима се во форма и очекувам возбудлив дуел – изјави Мурињо.
Велбек во првиот дуел му донесе предност на Манчестер јунајтед, а Реал израмни со голот на Кристијано Роналдо. Во последниот меѓусебен шампионски дуел на двата тима во 2003 година, Реал одеше понатаму со победа во Мадрид од 3-1 и пораз од 3-4 во Манчестер.
Натпреварот почнува во 20.45 часот, а ако настапи легендата на Манчестер јунајтед, Рајан Гигс, ќе го запише илјадитиот натпревар за „црвените ѓаволи“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации
-
Семејството скршено од тага пристигна на стадионот- сопругата на Вичај од овој детаљ ќе се струполеше на земја
-
Десната рака на газдата, убавица од Тајланд и пилотите… кои беа жртвите од несреќата на „Кинг Пауер“?(Видео)
-
Модриќ: Гризман ја заслужува „Златната топка“


