Украинските безбедносни сили денеска почнаа со повлекување на артилеријата и тешките оклопни возила во рамки на 30-километарската тампон-зона.
Одлуката на Киев за повлекување на украинската армија уследи откако проруските сили го намалија интензитетот на борбените дејствија.
Портпаролот на украинската армија Андреј Лисенко изјави дека двајца украински војници загинаа во изминатите 24 часа и покрај прекинот на огнот, што беше договорен на 5 септември.
Тој истакна дека проруските сепеаратисти ги намалиле артилериските напади, а исто така престанале и нападите од руска територија.
Земјите-членки на Контакт групата минатиот петок постигнаа договор со кој се предвидува воспоставување на тампоон-зона од 30 километри меѓу украинските и проруските сили.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Веспрем се повлекува, две нови српски екипи во СЕХА-лигата
-
Живот на дело: Повлечени машините кои го градат автопатот Кичево- Охрид (ФОТО)
-
Балканската сцена шокирана од изјавата на пејачот: Се повлекувам, не можам повеќе, премногу ми е!
-
Уште не е мртов: Украински војници жив закопаа руски заробеник (Видео)



