| четврток, 6 декември 2018 |

Косовскиот министер за финансии поднесе оставка

bedri-hamzaКосовскиот министер за финансии Бедри Хамза поднесе оставка, јави Анадолија. Вицепремиерот Хајрадин Кучи потврди дека Владата ја прифатила оставката. Причините за оставката не се посочуваат, но сега веќе ексминистерот истакна дека наскоро ќе бидат официјално соопштени.

Кучи нагласи дека постои веројатност Хамза да биде именуван за претставник на Косово во Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) во Вашингтон или за гувернер на централната банка на Косово.

Вицепремиерот додаде дека Хамза повлекувањето од функцијата го објавил по донесувањето на буџетот за 2013 година. Бедри Хамза е министер за финансии од 2010 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top