| четврток, 6 декември 2018 |

Се искешираа 437.500 евра за венчалниот лист на Наполеон и Жозефина

наполеон

Венчалниот лист на францускиот војсководец Наполеон Бонапарта и Жозефина де Боарне е продаден на аукција во Париз за 437.5000 евра, соопштила аукциската куќа „Риел-Малмезон“.

Венчалниот лист пред продажбата бил проценет на 80.000 до 100.000 евра.

Документот во неделата го купил парискиот Музеј на писма и ракописи во Париз. Венчалниот лист му припаѓал на едно приватно лице, кое го продал на Музејот за писма и ракописи.

Наполеон, тогаш 27-годишен генерал, и Жозефина, вдовица со две деца, се венчале на 18 март 1796 година.

Наполеон во 1804 година во париската катедрала Нотрдам, себе и Жозефина се прогласил за цареви.

По разводот во 1810 година, на Жозефина ѝ останала титулата императорка, а Наполеон повторно се венчал и со Марија Лиуза имал двајца синови наследници.

Наполеон е роден на Корзика 15 август 1769 година, како второ од осум деца, само една година откако Корзика станала француска територија. Бил затоврен и протеран на британското острово Света Јелена од 15 октомври 1815 година. Наполеон умрел на 5 мај 1821 година.

Мари Жозеф Роз де ла Пагери или Жозефина де Боарне е родена на 23 јуни 1763 година на карипскиот остров Мартиник. Умрела на 29 мај 1814 година во Париз.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top