| четврток, 6 декември 2018 |

Прстенот на Жозефина продаден за 896.000 долари

Вереничкиот прстен кој Наполеон Бонапарта и го подарил на неговата жена Жозефина е продаден за 896.000 евра на аукцијата во Франција

Прстенот со дијаметар од 18 милиметри, украсен со дијаманти и сафири во облик на круша, првично е проценет на износ од 8.000 до 12.000 евра

Според претставникот на аукциската куќа, прстенот е едноставен, оти Наполеон во тоа време немал многу пари.

Вереничкиот прстен на Наполеон беше дел од колекцијата што ја поседува Виктор Наполеон, прапраправнук на францускиот император.

Наполеон во 1796 година се оженил со вдовицата Жозефина, еден месец по нивната веридба.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top