Една од познатите капи на фрацускиот војсководец Наполен Бонапарта е продадена на еден колекционер од Јужна Кореја за повеќе од 1,8 милиони евра, јави „Франс прес“, повикувајќи се на информации на аукциската куќа „Осенат“.
Капата од филц на францускиот имератор е една од 19-те сочувани примероци од кои некои се во приватни колекции, а некои се наоѓаат во музеи.
Наполен имал околу 120 капи кои ги носел во борбите.
Името на купувачот не се соопштува. Оваа капа била дел од колекцијата на Музејот во Монако, заедно со други предмети поврзани со Наполеон.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.