| четврток, 6 декември 2018 |

Автобус со романски туристи се преврте во Унгарија

Две лица се тешко повредени, а 11 се здобиле со полесни повреди, кога романски автобус кој превезувал туристи денеска се преврте во Унгарија, јавија романските медиуми.

avtobus prevrten

Автобусот, кој со 32 патници се движел на релација од Рим од Романија, паднал во амбис во близина на градот Мако.

Причина за несреќата најверојатно е поројниот дожд кој врнел за време на излетувањето на автобусот.

Тоа е втора ваква тешка сообраќајна несреѓа во последните денови, откако вчера автобус со романски туристи излета во амбис во Бугарија, при што загина 27-годишна жена, а други петмина патници беа тешко повредени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top