| четврток, 6 декември 2018 |

Кроткиот џин од Сента магнет за ракометни трофеи

Ра­ко­водс­тво­то на Вар­дар на­пра­ви ви­стин­ска сен­за­ци­ја со ан­гаж­ма­нот на еден од нај­до­бри­те свет­ски гол­ма­ни во исто­ри­ја­та на ра­ко­мет­на­та игра. Во Ма­ке­до­ни­ја при­стиг­на ви­стин­ска ле­ген­да, чо­век со бо­га­та ко­лек­ци­ја тро­феи и ме­да­ли и гол­ман што е га­ран­ци­ја за лет кон европ­ски­от врв

Ар­пад Штер­бик е гол­ман­ска ле­ген­да, еден од нај­до­бри­те ра­ко­мет­ни чу­ва­ри на мре­жа­та на си­те вре­ми­ња, а на­ви­ва­чи­те на Вар­дар има­ат по­себ­но за­до­волс­тво да се ра­ду­ва­ат на не­го­во­то до­а­ѓа­ње во цр­ве­но-цр­но­то се­мејс­тво. На­ја­ви­те де­ка го­ле­ми­от гол­ман­ски маг Штер­бик ќе дој­де во Вар­дар ли­чеа на нес­тва­рен сон, а во ја­ве ги пре­то­чи пот­пи­сот на 4-го­диш­ни­от до­го­вор ова ле­то. Ун­га­ре­цот од Ср­би­ја што бра­не­ше и за Шпа­ни­ја е ед­но од нај­го­ле­ми­те спорт­ски ими­ња што пот­пи­ша­ле за наш клуб. Оче­ку­ва­ња­та се го­ле­ми, Вар­дар по­ле­ка, но си­гур­но че­ко­ри кон европ­ски­от врв, а Штер­бик е сил­на га­ран­ци­ја за ус­пе­шен лет кон ѕвез­ди­те. Тој е гол­ма­нот што ги има ре­чи­си си­те вред­ни пе­ха­ри, ме­да­ли и ин­ди­ви­ду­ал­ни приз­на­ни­ја. Три­па­ти бе­ше европ­ски клуп­ски пр­вак со Си­у­дад Ре­ал, прет­ход­но го освои Че­ленџ-ку­пот на ЕХФ со Ју­го­виќ, има свет­ска ти­ту­ла со ре­пре­зен­та­ци­ја­та на Шпа­ни­ја и брон­зе­ни ме­да­ли од мун­ди­ја­ли­те и со „цр­ве­на­та фу­ри­ја“ и со се­лек­ци­ја­та на то­гаш­на СР Ју­гос­ла­ви­ја. Штер­бик бе­ше нај­до­бар свет­ски гол­ман во 2005 го­ди­на, приз­на­ние што на не­го­ва адре­са стиг­на од ИХФ, а ду­ри пет­па­ти во ни­за од 2006 до 2010 го­ди­на бе­ше прог­ла­сен за гол­ман број 1 во шпан­ско­то пр­венс­тво. Во след­ни­те че­ти­ри се­зо­ни, 34-го­диш­ни­от гол­ман ро­дум од Сен­та ќе го бра­ни го­лот на Вар­дар.

 

Sport107-int-Sterbik-2

По 10 го­ди­ни ми­на­ти во шпан­ски­те клу­бо­ви Си­у­дад Ре­ал и Бар­се­ло­на при­стиг­на во Вар­дар. Кој бе­ше мо­ти­вот да се вра­тиш на Бал­ка­нот, ка­де што ја поч­на и ка­ри­е­ра­та во Ју­го­виќ од Каќ?
Штер­бик: Де­сет го­ди­ни е долг пер­и­од. Се­ко­гаш раз­мис­лу­ваш да дој­деш поб­ли­ску до до­ма иа­ко мо­рам да приз­на­ам де­ка во Шпа­ни­ја ми бе­ше из­во­нред­но до­бро. Раз­го­ва­рав со Сер­геј Сам­со­нен­ко и тој ми пре­зен­ти­ра­ше се­ри­о­зен план. Вар­дар ста­ну­ва го­лем клуб, са­ка да би­де кон­ку­рен­тен со си­те еки­пи во Евро­па и таа стра­те­ги­ја ми се до­пад­на. Јас од прет­ход­но ги поз­на­вам Ин­ди­ра и Зо­ран Ка­стра­то­виќ, а и тие по­сто­ја­но ми ве­леа де­ка не­ма да по­гре­шам ако дој­дам во Скоп­је, де­ка има пре­кра­сен ра­ко­ме­тен ам­би­ент. Раз­мис­лу­вав дол­го и ја при­фа­тив по­ну­да­та на Вар­дар иа­ко, да би­дам искрен, не ве­ру­вав де­ка ќе бра­нам за не­кој клуб ток­му во Ма­ке­до­ни­ја.

 

Ка­ко се чув­ству­ваш во Скоп­је и во Ма­ке­до­ни­ја?
Штер­бик: Слу­шав са­мо по­зи­тив­ни ра­бо­ти за ра­ко­ме­тот ту­ка, за до­бри­от жи­вот и за го­сто­примс­тво­то. Се­га и сам го по­чув­ству­вав тој спо­ко­ен ри­там на жи­вот во Скоп­је и во Ма­ке­до­ни­ја. Јас дој­дов да по­мог­нам за Вар­дар да би­де уште по­до­бар клуб и ве­ру­вам де­ка ќе ги оправ­дам оче­ку­ва­ња­та. Се чув­ству­вам од­лич­но и во клу­бот и во ва­ша­та зем­ја.

 

Ма­ке­до­ни­ја е пре­поз­нат­ли­ва по Ки­ре Ла­за­ров и по дер­би­то Вар­дар – Ме­та­лург

Штер­бик: Су­пер е што Ма­ке­до­ни­ја го има ра­ко­мет­но­то дер­би Вар­дар – Ме­та­лург. Сле­дев што се слу­чу­ва, знам за ин­тен­зи­те­тот и за ат­мо­сфе­ра­та што вла­де­ат на тие ду­е­ли. Со Ки­ре Ла­за­ров, кој ми бе­ше со­и­грач и во Ат­ле­ти­ко и во Бар­се­ло­на, мно­гу раз­го­ва­ра­ме за ра­ко­ме­тот во Ма­ке­до­ни­ја, не­што по што сте пре­поз­нат­ли­ви. На при­мер, во Ср­би­ја и во Хр­ват­ска не­ма та­кво дер­би ка­кви што се ме­че­ви­те ме­ѓу Вар­дар и Ме­та­лург. Знам де­ка по­не­ко­гаш нат­пре­ва­ри­те тра­ат со ча­со­ви (се смее), но тоа е та­ка ко­га се игра го­ле­мо дер­би. Ста­ну­ва пре­поз­нат­ли­во и над­вор од Бал­ка­нот, што е до­бро за вас. Со Ки­ре сме при­ја­те­ли, бев­ме дол­го и со­и­гра­чи и го це­нам ка­ко иск­лу­чи­тел­но до­бар спор­тист и ви­стин­ски про­фе­си­о­на­лец. И над­вор од те­рен е скро­мен, го­лем при­ја­тел, ед­но­став­но играч што ре­тко се ра­ѓа.

 

Игра­ше во фи­на­ле во европ­ски­те ку­по­ви со си­те еки­пи за кои си на­ста­пу­вал. Со Ју­го­виќ го освои Че­ленџ-ку­пот на ЕХФ, по­тоа со Вес­прем и со Бар­се­ло­на имаш фи­на­ли­ња во Ли­га­та на шам­пи­о­ни­те, нат­пре­ва­ру­ва­ње што го освои со Си­у­дад Ре­ал. Уба­ва тра­ди­ци­ја. Ќе про­дол­жи ли и со Вар­дар?
Штер­бик: Се на­де­вам де­ка ќе ус­пе­е­ме да на­пра­ви­ме не­што до­бро и са­кам да про­дол­жи таа тра­ди­ци­ја. Не­ре­ал­но е тоа да би­де екс­прес­но би­деј­ќи во спор­тот ни­што не се гра­ди пре­ку ноќ. Имам искус­тво и ќе го истак­нам и при­ме­рот на Си­у­дад Ре­ал. Дол­го че­кав­ме да дој­де­ме до вр­вот на Евро­па и по­тоа три­па­ти бев­ме по­бед­ни­ци во Ли­га­та на шам­пи­о­ни­те. Ра­ко­ме­тот ста­на мно­гу по­до­бра игра во пос­лед­ни­те го­ди­ни. Се игра по­бр­зо, се вло­жу­ва мно­гу по­ве­ќе и кон­ку­рен­ци­ја­та е сѐ по­сил­на. По­ра­но се игра­ше со со­став во кој има 6-7 до­бри ра­ко­ме­та­ри, а се­га ви тре­ба­ат нај­мал­ку двој­но по­ве­ќе ек­стра-ква­ли­тет­ни ра­ко­ме­та­ри за да се бо­ри­те за осво­ју­ва­ње на Ли­га­та на шам­пи­о­ни­те. Во ми­на­то­то има­ше две-три врв­ни еки­пи кои беа глав­ни фа­во­ри­ти за вр­вот, се­га ве­ќе кон­ку­рен­ци­ја­та е же­сто­ка. Во источ­ни­от дел од Евро­па има не­кол­ку фан­та­стич­ни еки­пи од ка­ли­ба­рот на Вес­прем, Кјел­це, Вар­дар, Ме­та­лург, а и на за­па­дот од кон­ти­нен­тот про­дол­жи­ја го­ле­ми­те вло­жу­ва­ња, осо­бе­но во Гер­ма­ни­ја, ту­ка се и ПСЖ, Мон­пел­је, Бар­се­ло­на… Се­га е мно­гу по­те­шко да се освои европ­ски­от трон.

 

Sport107-int-Sterbik-3

 

Кој е до­ме­тот на Вар­дар и лич­но со ка­ков на­стап и плас­ман во ЛШ би бил за­до­во­лен?
Штер­бик: Раз­мис­лу­вам кол­ку и што би мо­же­ле да на­пра­ви­ме, но мо­рам да приз­на­ам де­ка ждреп­ка­та ни до­не­се нез­год­ни про­тив­ни­ци и те­шка гру­па. Вес­прем е си­лен, Рајн- Не­кар Ле­вен е ти­пи­чен гер­ман­ски прет­став­ник, а опас­ни кон­ку­рен­ти ќе ни би­дат и Мон­пел­је, Цел­је и Че­хов­ски Мед­ве­ди. Ни тре­ба­ат по­бе­ди на го­сти, а клу­чен мо­же да би­де и стар­тот во Цел­је. Тие има­ат мла­да еки­па, да не ка­жам ле­та­ат на те­ре­нот. Тоа се нај­нез­год­ни­те про­тив­ни­ци, ко­га од нив не се оче­ку­ва го­лем ре­зул­тат, зна­ат да те соп­нат. Се­пак, Вар­дар има од­ли­чен со­став и ве­ру­вам де­ка ќе ја ми­не­ме фа­за­та по гру­пи. Се­ко­гаш са­кам да одам че­кор по че­кор, а за на­та­му и за атак на ви­со­ки до­стре­ли тре­ба да се пок­ло­пат мно­гу коц­ки во мо­за­и­кот.

 

Кој гол­ман е по твој вкус?
Штер­бик: Ни­ко­лас Лан­дин. По­ка­жу­ва из­во­нред­ни игри во кон­ти­ну­и­тет и во ре­пре­зен­та­ци­ја­та на Дан­ска и во Рајн-Не­кар Ле­вен. Комп­ле­тен гол­ман, мно­гу зна­чи и за Дан­ска и за клу­бо­ви­те во кои бра­ни. Има уште мно­гу до­бри гол­ма­ни, осо­бе­но од мла­да­та ге­не­ра­ци­ја, кои си има­ат свој стил на бра­не­ње и се пре­поз­нат­ли­ви во ра­ко­ме­тот.

 

Кој е мо­мен­тот што се­ко­гаш ќе го па­ме­тиш и оста­на ли не­што не­ре­а­ли­зи­ра­но на спорт­ски план во бо­га­та­та ка­ри­е­ра?
Штер­бик: Не се за­бо­ра­ва пр­ви­от тро­феј од Ли­га­та на шам­пи­о­ни­те што го осво­ив со Си­у­дад Ре­ал во се­зо­на­та 2005-2006. Дол­го че­кав да го по­чув­ству­вам сла­тки­от вкус на по­бе­да­та во фи­на­ле­то на Ли­га­та на шам­пи­о­ни­те и тие мо­мен­ти веч­но ќе ги па­ме­там. Тоа и злат­ни­от ме­дал со Шпа­ни­ја ко­га бев­ме до­ма­ќи­ни на Свет­ско­то пр­венс­тво не се за­бо­ра­ва­ат. Со Ју­го­виќ од Каќ на­пра­вив­ме сен­за­ци­ја со осво­ју­ва­ње на тро­фе­јот во Че­ленџ-ку­пот на ЕХФ и тие вре­ми­ња се не­за­бо­рав­ни, но по­себ­но е чув­ство­то ко­га прв­пат ќе ста­не­те европ­ски клуп­ски шам­пи­о­ни и свет­ски пр­вак во кон­ку­рен­ци­­ја на нај­­до­б­ри­те се­лек­ции на пла­не­та­та. Отсе­ко­гаш дол­го сум ги па­ме­тел и не­ус­пе­си­те и по­ра­зи­те во фи­нал­ни­те ме­че­ви. Зна­ев це­ло ле­то да раз­мис­лу­вам ка­де сме по­гре­ши­ле, да ме др­жи тој пси­хо­ло­шки то­вар, да ана­ли­зи­рам, да ја ба­рам при­чи­на­та за не­ус­пе­хот. За се­ко­ја ти­ту­ла што сум ја за­гу­бил ми е жал. За­до­во­лен сум од ко­лек­ци­ја­та на пе­ха­ри и на ме­да­ли што ја имам, но се­ко­гаш са­ка­те по­ве­ќе. Спорт­ски е да има­те го­ле­ми ам­би­ции, да по­са­ку­ва­те да осво­и­те што по­ве­ќе тро­феи, ме­да­ли, да ре­ди­те ус­пе­си.

 

(Разговараше: Зоран Поповски
| Фото: А. Ивановски и Ѓ. Личовски
Текст објавен во 107. број на неделникот „Република“, 19.09.2014)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top