| четврток, 6 декември 2018 |

Охрид ќе добие аквапарк

akvapark ohridТурската компанија „Фибула“ ќе гради аквапарк и нов луксузен хотел на брегот на Охридско Езеро.

Според порталот „За сè“, „Фибула“ веќе откупила простор на охридското крајбрежје. Аквапаркот ќе биде граден по примерот на тој што е дел од реновираниот хотел „Изгрев“, но поради просторот ќе биде малку помал.

Хотелот ќе биде ултра луксузен, а во него покрај гости од Македонија очекуваат да доаѓаат гости од регионот, од Турција, но и од западноевропските земји, кои веќе ги посетуваат нивните хотели во Анталија, Турција.

 

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top